Почетна >> Еко проекти >> Треска >> Црешневска река

Bookmark and Share


Црешневска Река 10.03-13.03 2010

Редоследот на акциите се наметна сам по себе. Втора по ред е Црешневска река. Долга е околу 6 км и извира во близината на с.Црешнево. По нејзиното течение има остатоци од неколку воденици, а водата во коритото неколкупати понира.

Отпад имаше само во делот на коритото кое поминуваше низ селото и стотина метри по текот на реката низводно. Работата не беше напорна и  ја завршивме за 2 дена.

Останатиот дел од времето го искористивме за прошетка по течението на реката. Останавме вчудоневидени од нејзините убавини. Мало парче рај во Македонија.    Забележавме над десет водопади, од кои неколку беа повисоки од 5 м. Карпите кои се наоѓаа по краевите на коритото изобилуваат со разновидни бои, а богатата флора само го надополнуваше целокупниот ефект.

Природата покрај оваа река е питома и гостопримлива и нуди многу можности за прошетки и релаксација. Едиствено што нам ни преостанува  е да ги отстраниме само уште натрупаните суви гранки заглавени на неколку места долж течението за да и на другите љубители на природата им го поедноставиме разгледувањето на ова толку живописно место.





Црешневска Река
Аларм за природата © 2010