Почетна >> Еко проекти >> Треска >> Беличка река

Bookmark and Share


Беличка Река 01.03-08.03 10

Река БелицаБеличка река извира во подножјето на планината Даутица. По нејзиното течение се наоѓа само селото Белица на  стотина метри од изворите. Водата е чиста и студена со константна температура од околу 8 степени, што очигледно според бројот на рибници(5) по нејзиното течение, создаваат идеални услови за развој на  оваа стопанска гранка.

Каква е природно реката, за жал може да се види само во првите неколку стотини метри од нејзиниот извор. Дали од храната која се испушта во реката од рибниците или од некоја друга причина, не можеме со сигурност да тврдиме, но после секој одминат рибник состојбата со водата во реката стануваше се полоша. Камењата наместо бели  и сјајни станаа темни и обраснати со алги. Акцијата ја започнавме на 01. 03. 2010 година токму од оваа река поради природниот редослед на реките кои се влеваат во Треска.

Ѓубре во реката БелицаОваа река е последната притока на Треска пред таа наместо голема и чиста да прерасне во голема депонија каква што е моментално вештачката акумулација Козјак. Искрено мислевме дека ке поминеме со лесно и дека ке завршиме за 2-3 дена. Но набргу се соочивме со вистинската состојба на терен. Пластични шишиња, најлони, вреќи, лименки и производи на кои сме заборавиле дека постојат имаше како во коритото на реката така и на ливадите околу неа. Само во првите 2  од вкупно 7 километри колку што е долга реката, собравме триесетина големи вреќи со ѓубре. Акцијата имавме намера да ја продолжиме следниот викенд но поради надојденоста на реката бевме спречени во намерата. Нивото на водата нема да опадне се до почетокот на летото кога  ќе ја завршиме започнатата работа.





Беличка Река
Аларм за природата © 2010