Почетна >> Еко проекти >> Треска >> Пешна

Bookmark and Share


Пешна 25.03-13.04 2010

Пешница ила Пештерска река е понорница која извира десетина метри во внатрешноста на пештерата Пешна. Оваа понорница според некои теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопоади во "еден од најголемите пештерски системи во Македонија" за кој се претпоставува дека е долг десетина километри.  Наспроти изворите се наоѓаат остатоци од разурната тврдина. Ако од внатрешноста на тврдината погледнете кон вливот со Треска, ке забележите остатоци од уште една твдина. Според локалните легенди во овие две тврдини живееле двете сестри на Крале Марко.

Реката е долга само неколку стотини метри и во летните периоди нивото е многу ниско или целосно пресушува.  Но со доаѓањето на пролетните дождови и топењето на снегот, од огромната карпеста челуст избива силен вруток. На нејзиниот краток тек видливи се траги од многу воденици, според кажувањата на локалното население, вкупно 23. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна

Токму на оваа река  за време на викендите, посебно за празникот Први Мај, доаѓаат   многу луѓе од Македонски Брод, Прилеп и околните села. Природата тука е идеално место за одмор и релаксација, место каде може да заборавите на вашите грижи, воедно и на ѓубрето кое сте го понеле и оставиле зад себе. Ниската свест на локалнотот население, како и немањето соодветно место каде да се фрли ѓубрето доведе до ситуација во која наместо да се одмараме во зеленилото и убавините што тука ни се нудат, да го креваме погледот кон небото како единствено чисто место.

Ѓубрето од реката го исчистивме за само 2 дена. Но убавината на  ова место не натера да ја прошириме акцијата и на околината околу реката и пештерата. Се качувавме по дрвата, се јазевме по коритото на реката, влегувавме во грмушките, се боревме со трњето, се со цел да го исчистиме и најмалото парче ѓубре кое се нашло таму. Секојдневно собиравме по десетина вреќи разновиден отпад. Се задржавме цели 2 седмици. Ќе се вратиме на ова место повторно после Први Мај за да провериме дали нешто сме постигнале кај свеста на луѓето, или повторно да го исчистиме.




Аларм за природата © 2010