Почетна >> Еко проекти >> Треска >> Мала Река

Bookmark and Share


Мала река е последна лева притока на Треска. Извира во близината на с. Битово и по своето течение во себе прибира води од неколку помали реки. Не успеавме да ги дознаеме точните имиња на овие реки но успеавме да ги дознаеме имињата на селата покрај кои поминуваат.Ковче, Ковач, Бенче, Горно и Долно Ботушје, Растеш, Битово, Требовље и уште неколку  други за кои искрено прв пат слушавме.Ги поминавме сите  од самите извори се до вливот во Мала Река. Овој дел од работата беше најрелаксирачки а воедно и наједукативен за нас. Природата во овој дел од Македонија воопшто не се штедела себеси. Фотографиите  многу подобро ќе ви ја доловат оваа недопрена убавина. И така е  се до пред влезот во Самоков каде повторно не пречека истата жална слика.

  Во моментов на реката важи забрана за риболов поради мрестот на рибите кои од Треска влегуваат по неа се до с. Растеш, a количината вода што ја носи со себе воопшто не одговара со името Мала река.

Распоредот за работа го разработивме детално. Заклучивме дека поради должината  на водните текови (45 км.) како и поради многуте населени места каде луѓето  оваа река ја користат како депонија, ќе мораме многу посериозно да се организираме. Како во однос на бројот на луѓе, така и во однос на механизацијата која ќе ни биде потребна. 

Акцијата е во тек.


Мала Река
Аларм за природата © 2010