Почетна >> АЛАРМ за природата фестивал

Bookmark and Share


ЗА ФЕСТИВАЛОТ

АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА

...е иницијатива за обединување на  силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја  е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина,  да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.

повеќе



КРАТКА ИСТОРИЈА

Од 12ти до 14ти јули, 2002 година, во авто кампот Љубаништа- Охрид, се одржа, денес веќе култниот, фестивалот Аларм дизајниран по урнекот на популарните повеќедневни европски фестивали. Вклучуваше три стејџа, 45 бендови и 35 диџеи од Германија, Данска, Унгарија, Југославија, Хрватска, Бразил, Јамајка, В.Британија, Бугарија, Белгија, Словенија, грција, Албанија, Косово..., театарски претстави, активности на невладини организации, работилници, сликари, студиа за тетовирање, отворено кино, спортски турнири и др. Имаше  околу 10.000 посетители дневно и тоа не само од Македонија, туку и од Србија, Хрватска, Бугарија, Босна, Грција, Косово, а убавите спомени од времето поминато во Љубаништа се сè уште меѓу нас... 

повеќе



Често Поставувани Прашања

Прочитајте ги одговорите на често поставуваните прашања. 

За сите останати прашања, предлози, сугестии и недоумици во врска со овогодишниот музички еко фестивал “АЛАРМ за природата” можете да не контактирате на alarmzaprirodata@gmail.com

повеќе



ГАЛЕРИИ


Алрам за природата фестивал 2002

Алрам за природата фестивал 2010






alarm_bileti_kksz



Аларм за природата © 2010