Почетна

Bookmark and Share


ЗА ФЕСТИВАЛОТ

АЛАРМ ЗА ПРИРОДАТА

... е иницијатива за обединување на  силите на зелената армија, музиката и уметноста, образованието и студентските организации, науката и технологијата, владините и невладините организации, млади и стари, СИТЕ во заедничка акција за соочување и решавање на проблемите со животната средина. Основната идеја  е да се популаризира концептот за обновување и зачувување на животната средина,  да се разбуди чувството на поврзаност и меѓузависност помеѓу човекот и животната средина и свесноста за моќта на индивидуалното влијание врз природната околина и тоа преку активности и кои се интересни и атрактивни за младите. Крајната цел е мотивација за преземање на активна улога во заштитата и зачувувањето на природата и практикување на здрав начин на живот во хармонија со природата.


"Човекот е дел од целината која ја нарекуваме универзум, дел ограничен во времето и просторот. Ние се доживуваме себеси, нашите мисли и чувства како нешто одделно од останато, но ова доживување е само оптичкa заблуда на свеста и еден вид затвор за нас, ограничување од страна на личните желби и љубов за само неколку блиски лица. Нашата задача треба да биде да се ослободиме од овој затвор и да го прошириме кругот на сочувство за да ги опфати сите живи суштества и целата природа со сета нејзина убавина."

(Алберт Ајнштајн, 1954)

"Се што се оди, лета, плива или се влече, е поврзано! Планините, реките, долините ... сé е поврзано со вашата мисла и акција. Сè што се случува околу вас и во вас, го одразува вашиот ум и го открива сонот што го ткаете."
(Индијанска поговорка - Cherokee)

"Човекот како ремек-дело на природата премногу често ја преминува границата на дозволеното влијание врз природата. Денес сите сме сведоци ижртви на несаканите ефекти од ваквото однесување. Во време кога науката и технологијата се толку блиску до постигнување совршенство, здравиот живот исчезнува. Ние луѓето имаме право на здрав живот во чиста животна средина и наша обврска е да се бориме за тоа! Чистата животна средина треба да се третира како драгоцен подарок за кој треба да се грижиме со посебно внимание. "
(Бивиум- Скопје)

"Сонуваме за музички фестивал на релаксирани млади луѓе кои, кои ем ќе се забавуваат ем нема да гледаат на корпите за отпадоци како на ретки тропски животни. Сакаме да знаеме да ги лоцираме проблемите, нивната структура и истите да ги решиме. Идејата не е само да се направи музички фестивал каде сите ќе си поминеме супер туку и да се искористи сета насобрана енергија во полза на природата која упорно ја силуваме со векови наназад. Аларм за природата се обидува да пробуричка во совеста на младите кои ќе ги наследат реките, езерата, шумите и сите чуда на природата." 
(Аларм за природата, 2010)







Водите во општина Дојран
Аларм за природата © 2010