Почетна

Bookmark and Share


                                   

За разлика од досегашните искуства со состојбата на водите кои ги имавме опфатено во нашите активности, општина Дојран може да се пофали како една од најнезагадените во нашата земја. Можеби поради малиот број на жители и малкуте речни текови или поради односот кон водата на Дојранчани, на целата територија на општината се сретнавме само со неколку проблематични точки, околу селата Фурка и Црничани како и покрај каналот кој го снабдува со вода езерото.

 

 

Реката која се влева во Дојранското езеро веднаш после селото Николиќ на границата со нашиот јужен сосед е релативно чиста. Другите водни текови во општината се во главно повремени, односно во коритата има вода само во пролет и при поголеми врнежи. 

Чистењето на овие реки и повремени води е планирано да се изведе во периодот од почетокот на месец Октомври, кога температурите ке бидат пониски и пристапноста на теренот помалку ризична.

Најобемна акција ни предстои околу целокупниот брег на Дојранското езеро, особено во делот кој е обраснат со трски. По разговорите со одговорните лица во општината, ни беше соопштено дека најголемиот дел од овие трски кои оневозможуваат пристап до насобраното ѓубре по бреговите ќе биде исчистен во наредниот период па со тоа и нашата акција ќе се одвива паралелно со нивните  активности.






Водите во општина Дојран
Аларм за природата © 2010