Почетна >> Еко проекти >> За проектот

Bookmark and Share


За Проектот

Чистата вода треба да биде сфатена како подарок на кој треба да му посветиме посебно внимание. Последните статистички податоци укажуваат на тоа дека се поголем број реки во Македонија се загадени, посебно оние кои поминуваат низ населени места. Според последните истражувања од вкупно 514 испитани примероци на вода за пиење, неисправни биле 114 примероци. Реките во Македонија, освен што служат како извори на вода за пиење, напојување на добитокот и наводнување, исто така служат и како погодни места за фрлање на секојдневниот отпад, испуштање на фекалиите и на отровни отпадни води од фабриките. Според последните истражувања, се поголем е бројот на инфективни заболувања и дијареа кај децата и кај новороденчињата, предизвикани од лошиот квалитет на водата.

За организирано дејствување и остварување на нашата цел, изготвивме неколку проекти. Секој од нив опфаќа една поголема река, вклучувајќи ги сите нејзини притоки и природни или вештачки акумулации на неа. Со реализирање на нашите проекти започнавме на 25ти Фебруари 2010 година. Секојдневно вклучени се 5-6 волонтери, а за викендите на припомош доаѓаат уште десетина активни членови на нашата организација. Изготвивме четери тековни проекти: Проект Треска, Проект Радика, Проект Црн Дрим и Проект за чистење на Охридското Езеро. Од горенаведените проекти, започнавме со реализација на Проектот Треска, додека другите Проекти се ставени во мирување поради надојденоста на водата.


Водите во Македонија

Аларм 2002
Аларм за природата © 2010