Почетна >> Еко проекти >> Дојран 2013

Bookmark and Share


Проектот "АЛАРМ за природата" кој започна 2010 година, со својата визија за чиста и здрава животна средина оваа 2013 година во соработка со општина Дојран уште еднаш покажа дека е добро организиран, подготвен и отворен за соработка отпочнувајќи го новиот еко концепт кој се вика АЛАРМ за природата, Дојран 201З.

Нашата акција започна на 03 и 04.05.2013 година и ќе се реализира во три фази (акции).

Појдовна точка за старт на проектот беше дојранското крајбрежје почнувајќи од граничниот појас со Р. Грција за потоа акцијата да продолжи кон центарот на Дорјан.

Вкупната должина на опфатениот регион изнесува 2 км.

Главна карактеристика на почетокот на проектот беше вклучување и подигнување на свеста кај младите од сите националности во однос на одржливиот развој, заштитата на животната средина, како и последиците од човековите активности (загадување).

 

Еко концептот продолжи на самиот плоштад каде  беа поделени материјали, маички и беџови со лого на проектот, преку кој беше претставен проектот а во исто време беа повикани сите да се приклучат и да помогнат за зачувување и одржување на чистата вода и природата.

 

Браво, за сите што дадоа допринос за почеток на уште еден циклус на проектот "АЛАРМ за природата"



Аларм за природата © 2010