Почетна >> Еко проекти >> села >> Белица

Bookmark and Share


Селото Белица потекнува уште од дамнешно време, а под владеење на Османлите останало сe до 1912 година. Првите негови жители биле тројца браќа од селото Бенче, кое исто така се наоѓа во Поречието. Тие направиле колиби, а заедно со себе донеле и добиток. По нив во селото се населила една фамилија од селото Рамне, подоцна дошле некои луѓе од селото Локвица. Во дамнешно време во Белица имало 400 жители, сега има околу 100. Од нив десетина се млади кои не се оженети. Училиштето е затворено за настава. Неколкуте дечиња на училиште одат во селата Манастирец и Самоков. Мештаните во селото Белица на своите ниви одгледуваат пченка, грав, компир, пипер толку колку, да имаат за себе. До седумдесеттите години жителите на селото се занимавале со шумски работи и со смоларење, по што дел од нив заминуваат во Германија, а дел од мештаните се преселуваат во Прилеп, Скопје и другите градови.





Село Белица
Аларм за природата © 2010